Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 27

:
Macedonian - 2006
1 Јотам беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години; мајка му се викаше Јеруш а, Садокова ќерка.
2 Тој го правеше она што Му беше угодно на Господ, токму онака како што правеше Озија, таткото негов, само што не влегуваше во Госпо­довиот храм, а народот сѐ уште грешеше.
3 Тој ја изгради и горната врата на домот Господов и изгради многу нешто на ѕидот Офел;
4 изгради и градови во јудејската планина, а во горите изгради дворци и кули.
5 Тој војуваше со царот на Амон­ците и го победи, и Амонците му дадоа во таа година сто кикари сребро и десет илјади мери пченица и десет илјади мери јачмен. Тоа му го даваа Амонците и во втората и третата година.
6 Затоа Јотам беше толку силен, бидејќи ги управуваше патиштата свои пред Господ, својот Бог.
7 Другите дела на Јотам и сите негови војни и однесување се опиша­ни во Книгата на царевите израелски и јудеј­ски.
8 Тој беше на дваесет и пет години кога стана цар, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим.
9 И почина Јотам кај своите предци, и го погребаа во Давидовиот град. И на негово место се зацари синот негов Ахаз.